Според него, Герасимовски ја добил довербата на граѓаните во Центар преку посветена и одговорна работа и дека победата и освоениот втор мандат се потврда за препознавањето на резултатите и блискоста со граѓаните
На локалните избор во 2025 година, тој го освои вториот мандат како градоначалник на Општина Центар
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче, денеска на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека за нов потпретседател на партијата ќе го номинира актуелниот градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски.

„СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на партијата“,
напиша тој на Фејсбук, објавувајќи заедничка фотографија со Герасимовски.
Според него, Герасимовски ја добил довербата на граѓаните во Центар преку посветена и одговорна работа, и победата и освоениот втор мандат, како што додава, се потврда за препознавањето на резултатите и блискоста со граѓаните.
„Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ“,
вели Филипче.
Партијата, како што додаде, продолжува со посветеност и нова енергија на целиот тим тимот за подобра иднина на државата.
На локалните избор во 2025 година, Герасимовски го освои вториот мандат како градоначалник на Општина Центар.
