Со специјално возило „пресретнувач“ е измерено дека возилото се движело со брзина од 177 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак е дозволена максимална брзина од 80 километри на час
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период низ целата држава, со цел санкционирање на прекршителите, зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на сите учесници
Приведен е тетовец што управувал автомобил марка „шкода“ со брзина од 177 километри на час на патот Гостивар – Тетово, каде што максимално дозволена брзина е 80 километри на час, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Прекршокот е евидентиран вчера во 18 часот на патот Гостивар – Тетово, на клучката кај Боговиње, каде полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи, со специјално возило „пресретнувач“ измериле дека возилото се движело со брзина од 177 километри на час, на делница каде со сообраќаен знак е дозволена максимална брзина од 80 километри на час.
„По насоки на јавен обвинител, од слобода е лишен К. Б. (47) од Тетово, кој управувал патничко возило марка ‘шкода‘ со тетовски регистарски ознаки. Против него се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција согласно член 297-а од Кривичниот законик“,
се вели во полициското соопштение.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период низ целата држава, со цел санкционирање на прекршителите, зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на сите учесници.
Воедно, се апелира до возачите доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да придонесат кон побезбедни патишта.
