До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта

Сончево и топло време со мала до умерена облачност најавуваат метеоролозите за денеска. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе биде од 10 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 30 до 39 степени.
И во Скопје денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Температурата ќе биде од 18 степени наутро, до 37 во текот на денот.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат утре ќе има сончево и топло време со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата утре ќе биде до 38 степени.
До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
