Од опозицискиот СДСМ деновиве обвинуваат дека Движењето ЗНАМ се распаѓа и дека последните двајца останати во партијата – Максим Димитриевски и Горан Минчев – водат отворена битка за фотелји, бизниси и влијание
За СДСМ можам да кажам само едно – тоа е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче. Вака лидерот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ги коментира обвинувањата што на смета на неговата партија деновиве ги пласира СДСМ.

Од опозицискиот СДСМ деновиве обвинуваат дека Движењето ЗНАМ се распаѓа и дека последните двајца останати во партијата – Максим Димитриевски и Горан Минчев – водат отворена битка за фотелји, бизниси и влијание.
Според Димитриевски, СДСМ во континуитет сопствените грешки ги бара во туѓите редови.
„Раководството на таа некогаш државотворна партија, која денес е сведена на ниво на ликвидација, a ликвидаторот е Венко Филипче, секогаш во континуитет сопствените грешки ги бара во туѓите редови. Колку тоа ЗНАМ се распаѓа, најдобро гледаат медиумите и граѓаните на трибините што ги организираме низ Македонија, каде што салите се премали за да ги примат сите заинтересирани граѓани. За нив можам да кажам само едно – дека тоа е едно друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче“,
изјави лидерот на ЗНАМ одговарајќи на новинарски прашања.
