Активни пожари има на територија на општините Дебар, Куманово и Пехчево. Еден пожар е ставен под контрола, а четири се изгаснати
До 14 часот попладнево на територијата на државава се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од нив три се активни, еден е под контрола, а четири пожари се изгаснати.
Активни пожари има во Општина Дебар, кај селото Гари, каде што горат ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума, во Општина Куманово, конкретно во населбата Перо Чучо, каде што е опожарена депонија и ниска вегетација, а третиот пожар е регистриран на територија на Општина Пехчево, каде што гори депонија.
Под контрола е ставен пожарот на депонија во село Дворци во Општина Пласница. Изгаснатите пожари се на територија на општините Валандово, Гази Баба, Старо Нагоричане и Врапчиште, каде што била зафатена ниска вегетација.
