Техничкиот премиер Оливер Спасовски и директорката на УЈП Сања Лукаревска, кои се носители на листатат на СДСМ во втората изборна единица, денеска имаа средби со жители на Арачиново.

„Реализиравме конкретни проекти на дело во овој регион, кој беше запоставен една деценија – за време на режимот, со што покажавме дека се грижиме за сите. здравстено-економската криза и продолжуваме и повеќе и подобро со цел 34.000 денари просечна плата и 20.000 денари минимална плата во следниот мандат, нови работни места, повисоки пензии и уште поголема поддршка за младите луѓе“,
рече Спасовски.

На средбите со локалното население од неколку села во општина Арачиново, Спасовски и Лукаревска беа придружувани од градоначалничката Миликије Халими, која е од редовите на СДСМ.
„На граѓаните им е преку глава од национализам, сакаат конкретни решенија за реалните проблеми . Во брзата трансформација што следува, нудиме рамномерен развој и еднакви можности, услови и шанси за секој граѓанин”,
рече Лукаревска.