Новиот состав на Сенатот е избран за мандатниот период од 1 јули 2026 година до 1 јули 2029 година, додека мандатот на Бучковски како претседател ќе трае една година

Професорот Владо Бучковски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ е избран за претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Изборот, како што се вели во објава на УКИМ на Инстаграм, бил направен на денешната конститутивната седница на новиот состав на Универзитетскиот сенат.
Новиот состав на Сенатот е избран за мандатниот период од 1 јули 2026 година до 1 јули 2029 година, додека мандатот на Бучковски како претседател ќе трае една година.
Со конституирањето на новиот состав и донесените одлуки официјално започнува функционирањето на Универзитетскиот сенат, кој во следните три години ќе ги извршува своите надлежности во согласност со законските и статутарните одредби на УКИМ.
Универзитетскиот сенат е еден од клучните органи на Универзитетот и одлучува за прашања поврзани со наставата, научноистражувачката работа, развојот и функционирањето на универзитетската заедница.
