Недостапноста е поради миграција на системот на нова инфраструктура

Од утре на пладне ќе има прекин на системот „Мој ДДВ“, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).
Прекинот во работата, додаваат од УЈП, е поради планирани активности за унапредување на ИТ-инфраструктурата на Управата.
„Недостапноста е поради миграција на системот на нова инфраструктура со цел обезбедување поголема сигурност и достапност на услугата“,
велат од УЈП.
Оттаму додаваат дека системот ќе биде повторно ставен во функција по завршување на активностите.
