Одговорите на прашањата кој е Александар Дугин и дали неговото неодамнешно доаѓање во Македонија беше само приватна забава на неколкумина, се нераскинливо поврзани со одговорите на прашањата – што работел и што промовирал досега рускиот филозоф и публицист. Иако на настанот организиран во Скопје од проруската партија на Јанко Бачев рече дека не е дојден како претставник на власта во Русија, Дугин во други свои настапи не негира дека може да се нарече „советник на Кремљ кој работи од сенка“..
„Би можел да кажам дека моите политички идеи имаат одредено влијание врз одлуките на Путин“, вели Дугин.
Станува збор за човек кој заговара нова евроазиска заедница на чело со Русија.. Тој често кокетира со тезата дека – ако Русија сака да се врати на патот на „старата слава„ треба да мине низ војна – како што Сталин го сторил тоа пред 70 години.
„Ја гледавте емисијата „Насоките на Дугин“ во пресрет на брзо доаѓачката војна“, вака завршува едно од неговите видеа.
Овој човек, кој во името на Русија зборува за светска војна, минатата недела беше пречекан со овации во Скопје..
Но, она што е малку јавно познато во Македонија, а може да биде релевантно за обидите да се реши прашање за името, е фактот дека гостинот на Јанко Бачев – Александар Дугин, кој вели дека Македонија нема што да бара во ЕУ, пред 5 години му бил гостин и на Никос Коѕиас, актуелниот грчки министер за надворешни работи.. Коѕиас, тогаш во својство на професор, го поканил Дугин да одржи предавањe на универзитетот „Пиреја“ од кога датира и нивната заедничка фотографија.
Тоа што му бил домаќин на Дугин, не мора да значи дека се согласувал со него – коментираше грчкиот весник „Катимерини“ откако Коѕиас ја презеде министерската позиција.. Но, Коѕиас не е единствената причина поради која актуелната грчка влада се смета за про-руски ориентирана.. „Тројанските коњи на Кремљ“ – е насловот на документот на Атлантскиот совет објавен во ноември 2017-тата во кој се анализираат врските на Москва со владата во Атина.. И тоа не само со „Сириза“, партијата на Коѕиас и Ципрас, туку и со помалиот партнер во владата – националистичката „Независни Грци“..
„Дефинитивно, би ја опишал СИРИЗА како проруска, левичарска партија, а „Независни Грци“ се проруска, популстичка крајно десничарска партија. Што се однесува до актуелната ситуација мислам дека Русија се обидува да го подобри своето влијание на Балканот, онолку колку што може. Конкретно во однос на Грција, обидите на Русија се поврзани со фактот дека Грција, како и другите балкански држави е православна земја што за многу Грци Русија претставува природен сојузник – вели Антонис Клапсис, автор на документот.
Православието е еден од клучните елементи на кои игра Дугин, за што доказ е активноста на телевизијата Царград во намерата да се одврати Црна Гора од членство во НАТО.. Дугин е главен уредник на телевизијата, чиј сопственик е Константин Малофеев, уште еден играч од сенка на Кремљ..
„За сопственикот на телевизијата „Царград“ пошироката јавност во Црна Гора првпат слушна во април 2015 година кога го финансираше носењето на благодетен оган во манастирот Цетиње. Риските медиуми, пред се порталот Инсдајдер, ја истражија неговата улога во финансирањето проруски проекти. Според овој портал Малофеев заедно со Институтот РИСИ (Руски институт за стратешки студии) бил клучен фактор во финансирањето и планирањето на дестабилизацијата на Црна Гора пред нејзиното влегување во НАТО со намера тоа да се спречи“, вели еден телевизиски извештај од Црна Гора.
Улогата на Малофеев, газдата на Дугин во телевизијата Царград, длабински ја анализира Стивен Бланк, во текст за Атлантскиот совет, со наслов – „Како путин го аутсорсира своето мешање“.. Притоа, тој директно ја вклучува и Македонија во субверзивните активности на Москва..
„Кремљ сака да биде во можност да се меша во работата на други влади без руската влада директно да биде поврзана со таквите активности. Затоа ги користат овие олигарски како Константин Малофеев и Евгениј Пригожин за да организраат субверзивни активности во други држави како Македонија, Украина, САД. Овие активности формално не изгледаат како потези на руската влада. Малофеев и Пригожин, користејќи ги своите пари, моќта и контактите во Кремљ организраат хакери, „тролови“, поранешни платеници, индивидуи кои сакаат да влезат во војна, луѓе кои не се задоволни од сопствените влади и сето тоа се прави за потребите на т.н. кибер-војни или државни удари како што беше случајот ос Црна Гора и можеби дури и во Македонија каде имаше сериозни политички немири. Овие проблеми и немири им служат директно на целите на Москва – да ја одвратат земјата од Западот, или ако таа држава веќе е дел од западните организации, внатрешно да ја поделат и така да ја ослабнат кохезијата на сојузниците. Сето тоа е дел од војната на путин против Европа и САД“, вели Бланк.
За отворениот про-руски сентимент кај актуелниот грчки министер за одбрана Панос Каменос, лидер на „Независни Грци“, партија која отворено се противи на употреба на терминот „Македонија“ во името на нашава држава, зборува неговото противење на европските санкции за Москва по анексијата на Крим..
„Грчката влада прави се што може, за доброто на сите, за да се кренат овие санкции. Санкциите што Европа и ги наметна на Русија и штетат и на самата Европа“, рече тогаш Каменос.
Каменос е во добри релации со уште еден лик од сенките на Кремљ – Иван Савидис… но, Русинот со грчко потекло, член на државната Дума, жител на Солун, крупен инвеститор, е пријател и со грчкиот премиер Ципрас..
„Тој е еден од највлијателните луѓе, особено во Северна Грција. Тој купи некои од постарите медиуми во земјата, не само во Солун, туку и во Атина, како што се весници и ТВ-станици. Така што, преку овие нетрадиционални начини, мислам дека Русија се обидува да го зголеми влијанието во Грција“, вели Клапсис.
Дали во оваа рамка на обиди за нетрадиционално влијание може да се анализира и појавата на некои нови медиуми во Македонија.. Коложег.инфо е релативно непознат портал во земјава, до кој не доведе Фејсбук-профилот на Александар Дугин.. За својата посета на Македонија, Дугин ја шерувал токму веста на Коложег.. Краток престој на овој сајт е доволен да се види неговата ориентација.. Меѓу другото, актуелна е анкета на која се бара посетителите да одговорат на прашањето – на кој начин ќе биде избркана квислиншката нелегитимна власт?? За илустрација на анкетата се користи фотографија од последните часови на американското повлекување од виетнам.. Медиумски пријатели на коложег се курир, инфомакс, република…
Напишете коментар