Во заедничка изјава на земјите посреднички во преговорите – Катар и Пакистан – се вели дека САД и Иран се согласиле на патоказ за конечен договор во рок од 60 дена. Разговорите на техничко ниво ќе продолжат до крајот на неделата во швајцарското планинско одморалиште Бургеншток, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар
Според извештаите, кои се повикуваат на соопштението, двете страни се согласиле на механизам за прекин на борбите меѓу Израел и Хезболах во Либан и отворање комуникациска линија за да се осигури безбеден премин за комерцијалните бродови низ Ормускиот теснец
Првата рудна разговори меѓу високите претставници на Соединетите Американски Држави (САД) и Иран во Швајцарија завршија денеска, соопштија медијаторите во процесот, кој започна тензично со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормускиот Теснец и заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за можни нови напади, објави Ројтерс.

Во заедничка изјава на земјите посреднички во преговорите – Катар и Пакистан – се вели дека САД и Иран се согласиле на патоказ за конечен договор во рок од 60 дена. Разговорите на техничко ниво ќе продолжат до крајот на неделата во швајцарското планинско одморалиште Бургеншток, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар.
Двете земји земји посреднички оценуваат дека првата рунда преговори меѓу САД и Иран за постигнување конечен договор за ставање крај на војната завршила со охрабрувачки напредок, пренесе Би-би-си.
Според извештаите, кои се повикуваат на соопштението, двете страни се согласиле на механизам за прекин на борбите меѓу Израел и Хезболах во Либан и отворање комуникациска линија за да се осигура безбеден премин за комерцијалните бродови низ Ормускиот Теснец.
Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, која ја предводи американската делегација, вчера ги започна разговорите со иранските претставници според условите на меморандумот за разбирање постигнат минатата недела, кој предвидува продолжување на примирјето од април за најмалку 60 дена, а дискусиите, како што пренесе Ројтерс, продолжиле до раните утрински часови денеска.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во објава на социјалните мрежи, изјави дека неговата земја обезбедила ослободување од ограничувањата за извоз на нафта и петрохемиски производи, ослободување на дел од замрзнатите средства и започнување на план за реконструкција и развој на Иран.
Од Белата куќа засега нема коментар околу прашањето дали првата рунда разговори формално е завршена.
Непосредно пред официјалното започнување на разговорите вчера, Фокс њуз објави дека американскиот претседател Трамп му се заканил на Техеран, велејќи дека нема да имаат земја, доколку се обидат повторно да го затворат Ормускиот теснец. Во таа насока, Трамп повтори дека САД ќе ја преземат контролата врз стратегискиот воден пат со можност евентуално да наплаќаат сопствени такси за бродовите кои транзитираат низ теснецот.
Инаку, американски и ирански извори, додадоа одделни извештаи во однос на разговорите во Швајцарија. Полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, повикувајќи се на извор запознаен со преговорите, пренесе дека по објавувањето на заканите на американскиот претседател, иранската делегација одбила да се врати во просторијата каде што водел разговорите, додека пораките двете страни продолжиле да ги разменуваат преку пакистанските и катарските посредници.
Според изворот на Тасним, Иранците изјавиле дека почетокот на преговорите за нуклеарната програма на земјата бара претходно исполнување на други делови од меморандумот за разбирање, односно ослободување на замрзнатите средства на Иран и гаранција со која САД го одобруваат извозот на иранска нафта.
Американските дипломат, од друга страна, за Ројтерс изјавил дека иранската делегација не ги напуштила преговорите.
„Иранците воопшто не заминаа, сè уште се тука, се состануваа и преговараа до доцна во ноќта: Разговаравме за теснецот, Либан, нуклеарните прашања и деталите за спроведување на меморандумот за разбирање“,
изјавил дипломатот вклучен во разговорите.
Според американскиот функционер, по завршувањето на разговорите на високо ниво денеска, во Швајцарија да остане техничкиот персонал на понатамошни разговори.
Меморандумот за разбирање што минатата недела одделно го потпишаа американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, повикува на повторно отворање на Ормускиот теснец и прекин на сите непријателства, вклучително и во Либан, каде Израел продолжува со нападите врз иранскиот сојузник Хезболах, кој возвраќа со удари во израелски цели.
Поради ваквата ситуација, Иран ги обвини САД дека не ја исполниле својата обврска за запирање на борбите во Либан, што Техеран го наведе како причина за нивните тврдења дека повторно го затвориле Ормускиот теснец и дека разговорите во Швајцарија вчера нема да опфатат суштински прашања, како што е она за нуклеарната програма на Иран.
Пристигнувајќи во Швајцарија вчера, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс го минимизираше влијанието на насилството во Либан, велејќи дека е постигнат напредок кој води кон прекин на непријателствата таму.
„Овие работи секогаш се малку хаотични“,
рече тој.

Од друга страна, претседателот на САД, Доналд Трамп, од Вашингтон се закани дека нападите ќе продолжат доколку Иран не ги заузди своите сојузници.
„Иран мора веднаш да ги спречи своите високо платени прокси-групи во Либан да предизвикуваат проблеми. Ако не го сторат тоа, повторно ќе удриме на Иран многу силно, исто како што тоа го направивме минатата недела, само посилно“,
напиша Трамп на социјалните платформи.
