Активен е пожарот во Арачиново каде гори ѓубре и вегетација, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК)
До 18 часот, на територија на целата земја се регистрирани 10 пожари на отворен простор, од кои девет се целосно изгаснати, а активен е само пожар во Општина Арачиново каде што гори ѓубре и ниска вегетација, информираа денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Оттаму велат дека целосно се изгаснати пожарите во Општина Сарај кај селото Грчец каде горела ниска вегетација, во Општина Бутел, во селото Визбегово каде гореле дива депонија и ниска вегетација, пожар во кој беше повреден еден припадник на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје.
Дополнително, изгаснати се и пожарите во Општина Радовиш, кај селото Бучим, каде била зафатаена ниска вегетација и ниска шума, во Општина Новаци, кај селото Теповци, на месноста Ергела, каде горела ниска вегетација; како и пожарите кај селото Пчиња, во Општина Куманово и во Општина Липково, кај селото Отла, во Липковско Поле кон селото Оризаре, каде гореле ниска вегетација и жито.
