Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, сончевото и топло време со променлива облачност ќе се задржи до средината на следната недела. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата
Денеска времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од седум до 16 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 24 до 33 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 32 Целзиусови степени.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, сончевото и топло време со променлива облачност ќе се задржи до средината на следната недела. Поради големата енергија во атмосферата, велат оттаму, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ветерот ќе биде умерен и ќе дува претежно од северен правец.
