На местото на настанот веднаш била повикана екипа на Итната медицинска помош (ЕКАБ), која ја пренела жената во Здравствениот центар во Неа Мудања каде лекарите констатирале смрт

Седумдесет и петгодишна жена од Македонија го загубила животот на Халкидики, Грција, откако вчера била извлечена од морето.
Според грчката Крајбрежна стража, инцидентот се случил во познатото туристичко место Неа Каликратија.
На местото на настанот веднаш била повикана екипа на Итната медицинска помош (ЕКАБ), која ја пренела жената во Здравствениот центар во Неа Мудања каде лекарите констатирале смрт.
„Прелиминарната истрага е во тек и ја спроведува Втората пристанишна управа на Неа Мудања. Наредена е и обдукција од страна на Судско-медицинската служба во Солун со цел да се утврдат точните причини за смртта“,
се наведува во соопштението на надлежните грчки служби кои го пренесуваат медиумите.
