Според него, Владата нема слух за предлозите на опозицијата и наведе дека минатата година бил одбиен предлогот на СДСМ за зголемување на откупната цена на грозјето. Сепак, најави дека СДСМ во наредниот период ќе излезе со конкретни мерки во овој сектор
Осврнувајќи се на осумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, посочи дека со договорот е затворен долгогодишен спор со Грција и дека тој придонел за членството на земјата во НАТО и за зголемување на странските инвестиции
Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче, денеска по средба со земјоделци во Босилово изјави дека земјоделскиот сектор во земјата се соочува со сериозни проблеми и оцени дека состојбата е резултат на недоволна грижа од страна на Владата.

Посочи дека земјоделците што произведуваат раноградинарски култури, јачмен, зелка и цвекло се соочуваат со доцнење во исплатата на субвенции и ниски откупни цени, што дополнително ја влошува нивната економска состојба.
Според него, вкупните средства за субвенции се намалени, а дел од ИПАРД-програмите од Европската Унија, како што рече, се укинати поради корупциски случаи поврзани со претставници на власта.
„Сега се исплаќаат субвенции за тутунарите, но парите ги префрлаат од други програми и нема исплата за другите сектори. Не се исплатени субвенциите за раноградинарските култури. Наместо поддршка за луѓето што ја хранат земјата и за развој на земјоделството, ние сме соочени со фактот дека секторот умира“,
изјави тој додавајќи дека земјоделците се доведени во ситуација во која не можат да ги покријат трошоците.
Посочи дека дека земјата со ВМРО-ДПМНЕ единствено забрзува кон пропаст и оцени дека економските и секторските политики имаат негативни последици врз земјоделството и целокупната економија.

Ја обвини власта за лицемерство посочувајќи го одбележувањето на роденденот на партијата со настан во Струмица и слоганот „Македонија забрзува“. Додаде дека реалната состојба во државата оди во спротивна насока.
„Каков врв на лицемерие токму денеска во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ слави роденден и се фали со слоганот ‘Македонија забрзува’. Може да им се честита роденденот со тоа што Македонија забрзува со нив единствено кон пропаст“,
рече тој.
Во однос на можни предлози за решавање на проблемите во земјоделството, Филипче најави дека СДСМ во наредниот период ќе излезе со конкретни мерки.
Според него, Владата нема слух за предлозите на опозицијата и наведе дека минатата година бил одбиен предлогот на СДСМ за зголемување на откупната цена на грозјето.
Осврнувајќи се на осумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, посочи дека со договорот е затворен долгогодишен спор со Грција и дека тој придонел за членството на земјата во НАТО и за зголемување на странските инвестиции.
„Ова е пример за тоа дека храбрите државнички одлуки носат резултати“,
рече Филипче додавајќи дека според него државата денес се соочува со последици од недоволно одлучно водење политики.
