Наградата е доделена за сторијата „Периките на хуманитарката Сашка Кузманова кои со пари не се купуваат“
Новинарот на 360° Михаил Милошевски е еден од добитниците на наградата „Гласник на невидливите“ што ја доделува Македонската платформа против сиромаштијата.

Наградата е доделена за сторијата „Периките на хуманитарката Сашка Кузманова кои со пари не се купуваат”.
„Сторијата инспирира промени. Во морето од политички вести, приказна поврзана со човечноста, новинарот успеал да ја пренесе болката на онколошките пациентите без патетика. Признание за емпатично новинарство кое ја враќа довербата во луѓето”,
порачаа дел од членовите на жирито при доделувањето на наградата за сторијата.
Покрај Милошевски, награди се доделени и на:
- Бојан Шашевски – „Училниците уште не се „проветрени“ од дискриминацијата кон атипичните деца“,
- Ирина Крстевска – Фото сторија „ГМП – Пат кон зависност и сива економија, наместо излез од сиромаштија?“,
- Лени Фрчкоски и Марта Стевковска – „Женското е туѓа фамилија“,
- Љубица Иванова – „Наставничката Маја е единствената вработена која се грижи за сите услови во училиштето во село Маврово“,
- Магдалена Стојмановиќ – Константинов – „Замаглените лица на сиромаштијата”,
- Слободан Иванов – „Глаголицата како парабола за денешното сеопфатно општество: Отворена изложбата „Глаголички откровенија“ на Томе Даневски во КИЦ – Скопје“,
- Сунчица Стојановска Зоксимовска – „Македонци на „фармацевтски туризам“ во Косово и во Србија за поевтини лекови“.
