„Во полициското одделение Шуто Оризари на разговор се повикани М.М. (49), И.М. (54) и Ш.М. (32), сите од Скопје, кои појасниле дека Ш.М. на подрачјето на Центар се сретнала со С.Н., која ѝ го дала детето да го причува. Откако С.Н. не се вратила, Ш.М. со бебето заминала во населбата Шуто Оризари и го оставила детето во паркот“, информираа од МВР
Бебе на возраст од седум до осум месеци вчеравечер било пронајдено на клупа во парк во скопско Шуто Оризари. Бебето било пронајдено од страна на А.С. од Скопје, кој случајот го пријавил во полиција вчера во 19:30 часот.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, а екипи на Итната медицинска помош го пренеле бебето во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде што било утврдено дека бебето е во добра здравствена состојба и без видливи повреди. Во меѓувреме, на разговор во полициска станица биле повикани неколку лица.
„Во полициското одделение Шуто Оризари на разговор се повикани М.М. (49), И.М. (54) и Ш.М. (32), сите од Скопје, кои појасниле дека Ш.М. на подрачјето на Центар се сретнала со С.Н., која ѝ го дала детето да го причува. Откако С.Н. не се вратила, Ш.М. со бебето заминала во населбата Шуто Оризари и го оставила детето во паркот“,
соопштија од Министерството за внатрешни работи.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
