Под контрола, пак, е ставен пожарот на градската депонија во Демир Хисар
На територијата на државата до 20 часот се евидентирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а 11 се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активен е пожарот во Општина Бутел, во населбата Визбегово, каде што гори депонија, a под контрола е ставен пожарот на градската депонија во Демир Хисар.

Во текот на денот целосно се изгаснати 11 пожари на различни локации низ државата.
Меѓу нив се пожарите на Љуботенски пат во Општина Бутел, на патот кон Страхојадица во Општина Зелениково, во селото Булачани во Општина Гази Баба, во Средно Коњаре во Општина Петровец, во Бардовци во Општина Карпош, во селото Лениште во Општина Прилеп, кај Кадмо плажа во Охрид, пред патарината во Општина Градско, во населбата Насеље во Штип, на Слупчански пат во Општина Липково и во селото Псача во Општина Ранковце.
Според ЦУК, кај овие пожари гореле ниска вегетација, сува трева и трње, дрвја и отпад.
