Командантот на противпожарната бригада на Белград, Драган Мирковиќ, изјави дека во пожарот нема повредени цивили, а дека двајца пожарникари се полесно повредени
Голем пожар рано утринава околу 6 часот избувнал во трговскиот центар „Енјуб“ во населбата Нов Белград во Белград. Пожарот се гаси од повеќе правци и во моментов е ставен под контрола, а на неговото гаснење интервенираат 45 пожарникари со 14 противпожарни возила.

Командантот на противпожарната бригада на Белград, Драган Мирковиќ, изјави дека во пожарот нема повредени цивили, а дека двајца пожарникари се полесно повредени.
„Во објектот има околу 400 простории, а околу 60-70 беа зафатени од пожарот. Гаснењето е отежнато од самата конструкција на зградата. Ќе објавиме кога пожарот ќе биде локализиран“,
вели Мирковиќ.
Жителите на околните згради биле предупредени да ги затворат прозорците од своите домови.
„Енјуб“ е трговски центар од отворен тип.
