Минималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 16, додека максималните ќе се искачат од 24 до 34 степени
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови од земјава ќе дува од западен, а вдолж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 16 степени, а максималните од 24 до 34 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 13 до максимални 34 степени.
Според најавата на УХМР, во текот на неделава ќе преовладува претежно топло време. Во вторник ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток ќе биде претежно сончево.
