„Според опозицијата, Владата била изолирана, а како таква изолирана јас во рок од два месеци остварив билатерална средба со турскиот претседател, со францускиот претседател и со германскиот канцелар“, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека еврокомесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос ќе престојува во Македонија во рамките на редовната обиколка на регионот.
Мицкоски рече дека тоа е една од редовните посети на сите европски политичари на земјава посочувајќи дека владата не е изолирана како што тврдела опозицијата.
„Според опозицијата, Владата била изолирана, а како таква изолирана јас во рок од два месеци остварив билатерална средба со турскиот претседател, со францускиот претседател и со германскиот канцелар. На билатерална посета беше хрватскиот премиер, јас бев на билатерална посета со австрискиот канцелар и беше претседателот на Европскиот совет тука во Скопје, сè тоа за само два месеца. Сега ќе дојде и комесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос на редовна обиколка на регионот“,
рече Мицкоски.
