Шефот за комуникации на „Мета“, Енди Стоун во објава на Икс вели дека компанијата е свесна за проблемите и работи на нив

Корисниците на Фејсбук и Месинџер попладнево пријвуваат проблеми во пристапот до нивните профили.
Корисниците автоматски се одјавени и не можат повторно да се најават. Наместо тоа, им се прикажува порака за грешка.
Посетителите добиваат порака дека „нешто тргна наопаку“ и дека компанијата „работи на тоа и ќе го поправиме што е можно поскоро“. Апликацијата Месинџер го прикажува статусот „се поврзува“ и испраќањето пораки е целосно оневозможено.
Проблемите се појавија попладнево и траеа околу еден час, а состојбата се уште не е целосно подобрена.
И податоците на платформата „Даун детектор“ (DownDetector) покажуваат дека корисниците пријавувале проблеми со Фејсбук. Бројот на пријави на платформата надминува 113 илјади.

Шефот за комуникации на „Мета“, Енди Стоун во објава на Икс вели дека компанијата е свесна за проблемите и работи на нив.
We're aware people are currently having trouble accessing our services. We're working on it.
— Andy Stone (@andymstone) June 12, 2026
Во најголем дел, другите услуги на „Мета“, како што се Инстаграм и Ватсап работат нормално, а исклучок се поврзувањата од компјутер кои не се вчитуваат.
