Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 11 јуни 2026 г. на МРТ 1
Во новото издание објавуваме:
– три крупни одлуки кои парламентот сè уште не ги донел – законот за јавното обвинителство, изборот на Мери Дика за уставна судијка и законот за високо образование;
– разликата меѓу парите што македонските граѓани ги платиле за нови лични документи во периодот 2021-2025 г. (73 милиони евра) и парите што МВР и ги платило на „Гисеке и Девриент“ за обрасците (30 милиони евра) е 60% – истражување на Центарот за граѓански комуникации; но, независно од сумата, јавно не е достапна информацијата колку обрасци се нарачани или дали и кога е продолжен договорот со германската компанија;
– разговор со амбасадорите на Германија и Франција, Петра Дрекслер и Кристоф ле Риголер, за нон-пејперот на Мерц и Макрон, средбите на премиерот Мицкоски со германскиот канцелар и францускиот претседател во Тиват, македонската демократија;
– „Саботажа“.
