Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала 475 прекршоци за непочитување на мерката за носење лична заштитна опрема на лицето, соопштија од МВР.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19“,
велат од МВР.
Казната за неносење маска за граѓаните е 20 евра.
