Според прогнозата, и во наредните денови ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност, но попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотрајни поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
Во четврток се очекува зголемување на облачноста и пад на температурите за неколку степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на поединечни места ќе има услови за изолирано невреме со појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури ќе се движат меѓу 9 и 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 25 до 34 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во одделни делови од котлината попладне се можни краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Според прогнозата, и во наредните денови ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност, но попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотрајни поројни врнежи, грмежи и засилен ветер.
На одделни места процесите ќе бидат поинтензивни, со пообилен дожд и можност за изолирано невреме со појава на град.
Во четврток се очекува зголемување на облачноста и пад на температурите за неколку степени. Ќе дува засилен, повремено силен северозападен ветер, кој наместа ќе достигнува брзина и до 60 километри на час.
