Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 8 јуни 2026 г. на МРТ 1, во кое гостува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова
Претседателката Гордана Силљановска-Давкова ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова во рамките на самитот од Процесот за соработка на Југоисточна Европа в среда (10 јуни 2026 г.) во Софија, потврди таа во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. На средбата очекува да се отворат и суштински прашања, бидејќи според неа нема нерешлив проблем. За нон-пејперот што беше претставен во пресрет на самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват, а зад кој стојат германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, претседателката начелно рече – кога ќе видиме „пејпер“, тогаш ќе можам да кажам за што се работи; ако се оценува чекорот, тогаш го поздравувам. Во интервјуто разговараме за тоа какви гаранции бараат македонските власти од ЕУ, како со заклучоци на Советот на ЕУ може да и се одземе правото на вето на која било членка за конкретен тип прашања, дали Протоколот 2 на погрешен начин се интерпретира во македонската јавност…
