За утре се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од осум до 19 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 34 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 15 степени наутро до 33 во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. И за утре попладне се најавува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Температурата утре ќе се движи од 26 до 34 степени.
Според најавите од УХМР, до четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. Од петок ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.
