„Охрид њуз“ јавува дека како последица на невремето Охрид, Струга и околните села попладнево извесно време останале без електрична енергија. Во невремето проследено со обилен дожд, грмежи и засилен ветер, како што додаваат оттаму, дошло до испад во дистрибутивниот систем на МЕПСО
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево ги зафати западните и југозападните делови на земјава, конкретно Охридско-Преспанскиот, Дебарско-Кичевскиот и Полошкиот Регион, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Охрид њуз“ јавува дека како последица на невремето Охрид, Струга и околните села попладнево извесно време останале без електрична енергија. Во невремето проследено со обилни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, како што додаваат оттаму, дошло до испад во дистрибутивниот систем на МЕПСО.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа од невремето во Охрид кое предизвика поплави на повеќе улици, меѓу другото, и во стариот дел на градот и во чаршијата.
Невремето ја зафати и Битола каде што се поплавени повеќе делови од градот. На терен интервенираат екипи на Јавното комунално претпријатие „Нискоградба“
