Фјучерсите за суровата нафта од типот „брент“, глобален репер за нафта, според агенцијата, пораснаа за 4,42 долари или 4,47 проценти и од 7:09 часот по средноевропско време, се продава за 97,15 долари за барел. Истовремено, фјучерсите за американската сурова нафта бележат раст од 4,50 отсто, односно за 4,07 долари и се продаваат за 94,61 долари за барел
Цените на суровата нафта утрово на светските берзи скокнаа за околу четири и пол процнети како реакција на новите израелски напади врз Иран, како и новиот бран удари на Тел Авив врз Либан, еден ден претходно, што предизвикува загриженост кај инвеститорите, објави Ројтерс.

Фјучерсите за суровата нафта од типот „брент“, глобален репер за нафта, според агенцијата, пораснаа за 4,42 долари или 4,47 проценти и од 7:09 часот по средноевропско време, се продава за 97,15 долари за барел. Истовремено, фјучерсите за американската сурова нафта бележат раст од 4,50 отсто, односно за 4,07 долари и се продаваат за 94,61 долари за барел.
Израел денеска соопшти дека во синоќешните напади во југозападниот дел на Иран погодил петрохемиска фабрика, покрај другите воени цели. Нападите се случија и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп наводно му порачал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се воздржи од одмазднички удари врз Иран, откако вчера Техеран истрела ракети кон Израел.
Во нападите, кои се прва директна размена на оган меѓу Израел и Иран од примирјето договорено на 8 април, Тел Авив соопшти дека го погодил петрохемискиот комплекс „Махшахр“, а локален ирански функционер за полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс изјавил дека делови од фабриката се оштетени.
Според Ројтерс, последните случувања ги намалуваат надежите за скорешен крај на непријателствата на Блискиот Исток и рестартирање на протокот на сурова нафта низ Ормускиот Теснец, низ кој пред кризата транзитираше речиси една петтина од светската нафта и течен природен гас.
Цените на суровата нафта на светските пазари се искачија за нешто помалку од 60 проценти од почетокот на војната на крајот на февруари, но засега се под максимумите што беа забележани во март кога нафтата од типот „брент“ достигна речиси 120 долари за барел.
Вчера, Иран истрела серија ракети кон израелски цели како одмазда за нападите на Израел врз јужните предградија на Либан. Ескалацијата доаѓа и покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека е можно постигнување договор за ставање крај на конфликтот.
Но последните случувањата влеваат малку надеж, бидејќи Иран инсистира и Либан да биде вкучен во евеннтуалниот договор, односно Израел да се обврз дека нема да напаѓа цели во оваа држава.
Израел го нападна Либан во март откако Хезболах, кој ја има поддршката од Иран, истрела ракети и беспилотни летала преку границата. Либан и Израел на 3 јуни соопштија дека се согласиле на прекин на огнот по преговорите во Вашингтон. Сепак, денеска, амбасадорот на Иран во Москва бил цитиран како вели дека Ормускиот Теснец ќе биде отворен, но под нови услови што ќе ги постават Иран и Оман, а кои ќе вклучуваат и транзитна такса.
„Секако, овој теснец ќе биде отворен, но со нови услови што ќе ги утврдат иранските и оманските власти“, изјавил амбасадорот Казем Џалали за рускиот весник „Известија“ во интервју објавено денеска, пренесе Ројтерс.
Инаку, Техеран го блокира поголемиот дел од комерцијалниот превоз низ Ормускиот Теснец, додека Вашингтон воведе сопствена блокада на иранските пристаништа.
