На коментарите на Велкер дека нема докази оти изборите во Калифорнија биле наместени како што тврди Трамп, тој почна да ја навредува новинарката дека таа и медиумот се нечесни и расипани
Претседателот на САД, Доналд Трамп го прекина интервјуто на емисијата „Мит д прес“ на Ен-би-си, испровоциран од прашањата поврзани со изборите во 2020 година, за наводни неправилности при броењето на гласовите.
Во интервјуто, кое траеше 30-тина минути, Трамп зборуваше за повеќе теми, но беше прекинато откако претседателот стана во текот на разговорот со новинарката Кристен Велкер.
На коментарите на Велкер дека нема докази оти изборите во Калифорнија биле наместени, како што тврди Трамп, тој почна да ја навредува дека таа и медиумот се нечесни.
„Тие се нечесни како што и ви сте нечесни, вашите медиуми се нечесни. И ‘Мит д прес’ е нечесна. Вашите избори се нечесни и вие сте нечесни“,
рече Трамп.

Пред да го напушти интервјуто, Трамп го извади микрофонот и рече дека Ен-би-си е еднострана, корумпирана телевизија.
„Жал ми е, но прекинуваме. Доста ми е од ова. Би благодарам, уживајте“,
кажа Трамп.
Интервјуто беше снимено во петокот, а денеска беше објавено на Ен-би-си.
