Од попладне се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен правец.

Од попладне се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град. Минималните температури ќе се движат од 9 до 16 степени Целзиусови, додека максималните ќе се искачат од 24 до 34 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 16 до максимални 32 степени.
УХМР најавува топлото време да се задржи и во текот на наредната недела. Претпладне главно ќе биде сончево и умерено облачно, а во попладневните часови ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на изолирано невреме со град.
