Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени
Променливо облачно и топло време со сончеви периоди, а од пладне пороен дожд и грмежи најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени.
„Од пладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град“,
соопшти УХМР.

И во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Според најавата од УХМР, попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степени.
