Се работи за четворица државјани на Австрија родени во 1978, 1968, 1986 и 1961 година
Четворицата загинати во авионската несреќа што вчера претпладне се случи кај хрватскиот град Медулин се на возраст од 40 до 65 години, објави Државното обвинителство на Хрватска.

Се работи за државјани на Австрија родени во 1978, 1968, 1986 и 1961 година.
„Во врска со авионската несреќа на подрачјето на општина Медулин, во која четири австриски државјани (родени во 1978, 1968, 1986 и 1961 година) загинаа при пад на авион, полициски службеници спроведоа истрага со учество на истражители од Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај и заменик-окружниот државен обвинител дежурен во Окружното државно обвинителство во Пула“,
соопшти Државното обвинителство на Хрватска.
Оттаму информираат дека е наредена обдукција на телата на починатите и дека се преземаат понатамошни мерки и дејствија со цел да се утврдат околностите на настанот.
Хрватските медиуми вчера објавија дека малиот авион бил регистриран во Германија и летал на релација од австрискиот град Линц до Медулин. Четворицата загинати биле единствените лица во леталото. Авионската несреќа се случи вчера околу 11 часот претпладне.
