Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 17 степени Целзиусови, додека максималните ќе се исксчат од 22 до 32 степени
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец. Прежено на планинските региони се очекува појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 17 степени Целзиусови, додека максималните ќе се исксчат од 22 до 32 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен јужен ветер. Темепературите ќе се движат од минимални 12 до максимални 31 степен.
Според најавата на УХМР, следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди, со можна нестабилност во попладневните часови. Особено в сабота (06.06) и во понеделник (08.06) повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и локално невреме.
