Убиениот, според наводите на српските медиуми, бил очув на таткото на осомничениот
Жртвата во моментот на нападот се наоѓала во кревет и била во лоша здравствена состојба. Според медиумите, старецот починал откако со секира бил удрен во пределот на главата
Во центарот на Белград утрово се случи убиство, при што 26-годишен маж е осомничен дека усмртил 92-годишен старец во куќа лоцирана зад старата зграда на БИП.

Според информациите од српските медиуми, случајот е пријавен во полиција утрово околу 7 часот. По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници во куќата пронашле тело на постар маж и 26-годишник кој е веднаш приведен.
Жртвата во моментот на нападот се наоѓала во кревет и била во лоша здравствена состојба. Според пишувањата на тамошните медиуми, старецот починал откако со секира бил удрен во пределот на главата.
Убиениот, според наводите на српските медиуми, бил очув на таткото на осомничениот.
Засега не е познат мотивот за убиството. Голем број полициски екипи се присутни на местото на убиството, а надлежните институции работат на утврдување на сите детали во истрагата на случајот.
Таткото на осомничениот изјави дека неговиот син во последните денови покажувал необично однесување, но оти не очекувал да се случи ваков настан.
