Осврнувајќи се на уставните измени, францускиот предлог и протоколите, кои, како што рече, ги имаат пред себе како „наследство“ од претходната влада, Мицкоски рече дека сега треба да се види што е она што бугарската влада го има пред себе, и што треба да го испорача – 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП)
„И четвртата работа, која е исто така е значајна, е ако сите европски политичари се едногласни дека нема да има повеќе условувања. Тогаш најмалку што можеме ние да добиеме како држава се нови заклучоци (од Европскиот совет) во кои сето тоа ќе го ставиме. На тој начин ќе се потврди поддршката и ќе се потврди довербата“, додаде тој
Не е фер и несериозно е да се очекува дека еве, сега ќе дојде висок европски политичар и ние наеднаш ќе ја промениме позицијата, и готово, сме ја завршиле работата – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан за очекувањата од денешната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на земјава. Во таа насока, тој ги повтори позициите на Владата дека се потребни гаранции од ЕУ оти веќе нема да има условувања за земјава на нејзиниот пат кон Европската Унија и дека, покрај уставните измени што се бараат, треба да се види, како што рече, испорака од Бугарија, во смисла на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Но, за да се дојде до таа ситуација, според Мицкоски, треба прво да почне да се разговара, а во моментов, како што посочи, македонската влада не знае со кого треба да преговара затоа што реакциите од Софија се различни по тоа прашање. Во таа насока, рече премиерот, ќе го изнесе и своето мислење на средбата со Кошта, дека првин треба да почне да се работи на создавање доверба, а начинот на кој би се постигнало тоа би бил преку разговори.
Дел од одговорот на прашањето за очекувањата од средбата со претседателот на Европскиот совет, премиерот Мицкоски го даде низ призмата на критики упатени кон опозицијата, за која, користејќи ја синтагмата „политички аналфабети“ рече дека како премиер нема да прифати државата да влезе во некакви политички авантури без процесот да има извесен крај. Овде премиерот алудираше на барањето на лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, да се завршат уставните измени и земјата да ги продолжи преговорите со ЕУ.
„Нашиот став е непроменет, настрана сега од тоа што изгубената опозиција го кажува како лаги и конструкции на дневна снова, сега зборуваме за реална политика и политика која реално се практикува. Јас немам намера како претседател на влада да поддржам авантура без притоа да знам дека за тоа ќе има извесен крај. Ние покажуваме дека сме компетитивни, дека имаме капацитет, дека сакаме и знаеме да го изодиме овој процес бргу, имаме знаење, така што без да имаме извесен крај не можеме да влеземе во таква авантура, бидејќи три и пол децении граѓаните во оваа наша земја, во Македонија, генерално беа сведоци на таков тип политички авантури и гимнастики и еве каде сме, на исто место каде што бевме пред 25 години кога го почнавме овој процес. Така што не е фер и несериозно е да се очекува дека ќе дојде висок европски политичар и ние наеднаш ќе ја промениме позицијата и готово, сме ја завршиле работата“,
рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на општина Карпош, каде што присуствуваше на пуштање во употреба на новиот базен „Карпош“.
Сумирајќи ги ставовте, како второ, тој посочи оти без ВМРО-ДПМНЕ „оваа работа не бива“, обвинувајќи ја, во тој контекст, опозицијата дека се обидува да ги руши позициите на Владата со поларизација на јавноста, што, како што кажа, може да ѝ оди во прилог само на владата во Софија.
„Јас не знам како не го гледаат тоа дека само губат и ги нарушуваат позициите на Владата. Бидејќи и јас кога би бил од страна на бугарската влада и гледам дека внатре имам човек кој ги урива позициите на владата, тогаш би седел мирен и би се радикализирал, зошто би барал решение. Така што имаме, за жал, такви политички аналфабети во опозицијата, национално исплакнати луѓе. Но, ние такви политики не водиме и немаме намера да водиме“,
рече премиерот.

Осврнувајќи се на уставните измени, францускиот предлог и протоколите, кои, како што рече, ги имаат пред себе како „наследство“ од претходната влада, Мицкоски рече дека сега треба да се види што е она што бугарската влада го има пред себе, и што треба да го испорача – 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).
Според Мицкоски, за да се изгради доверба, мора „да видиме испорака од таа страна“ бидејќи, како што наведе, довербата се создава само ако работите се одвиваат по двонасочна улица.
„И четвртата работа, која е исто така е значајна, е ако сите европски политичари се едногласни дека нема да има повеќе условувања. Тогаш најмалку што можеме ние да добиеме како држава се нови заклучоци (од Европскиот совет) во кои сето тоа ќе го ставиме. На тој начин ќе се потврди поддршката и ќе се потврди довербата“,
рече Мицкоски.
Сумирајќи, тој кажа оти денеска би го пренел своето мислење дека треба да се почне со градење доверба, односно со разговори, бидејќи, во моментов двете страни не разговараат.
„Доколку ние навистина треба со Европската Унија да разговараме ние сме подготвиме да разговараме, да почнеме да разговараме. Еве јас од тука би почнал, тоа што можеме веднаш да го направиме, тоа, како да кажам, тоа што не обединува, а не тоа што нè разединува. А тоа е разговорот. Ценам дека во едно демократско општество треба да се разговара. Потоа ценам дека треба да се посветиме на испораката во делот на Реформската агенда, каде што вистинските фронтранери, а не останатите земји од Западен Балкан. Така што јас би зборувал за овие теми, нешто што може да биде како брза испорака, па дури потоа да видиме доколку постои простор да се изгради таа доверба, да влеземе во една следна фаза“,
изјави премиерот.

На прашањето како може да се организира трилатерална средба меѓу преставници на Македонија, Бугарија и на Европската Унија и кој би можел да ја организира, премиерот рече дека ако ѝ се аде на Вкладата еден ден и информации со кого и каде треба да разговараат, тие се подготвени веднаш да го направат тоа.
„Но, ние не знаеме со кого да разговараме, за тоа што од една страна официјална Софија вели ова е проблем меѓу Македонија и Европска Унија, во ред, ние одиме во Брисел да разговараме, а тие ни викаат чекајте како разговарате без нас. Па ние велиме ајде со Софија да разговараме, па тие повторно истото го повторуваат како расипана плоча. Така што, во суштина ние сме сериозни луѓе, сакаме да разговараме, нам терба само ден однапред да ни кажат, таму и таму дојдете и ние ќе разговараме“,
рече Мицкоски.
Тој на крајот се осврна на, како што кажа, внатрешните проблеми што ги има Софија со транзицијата на власта и високото ниво на инфлација, за што кажа, ние како држава сем подготвени да му помогнеме на нашиот источен сосед на добрососедска основа, ако тоа е потребно.
