Според Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија, магнитудата на потресот изнесувала 6,1 степен според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од околу 250 километри, додека Американскиот геолошки завод (USGS) и Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објавија магнитуда од 6,2 степени според Рихтер
Засега нема информации за предизвикани материјални штети или повредени лица
Силен земјотрес со магнитуда од над шест степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди подрачјето вдолж брегот на италијанската област Калабрија, а потресот бил почувстувал дури до Неапол, пренесе новинската агенција АНСА.

Епицентарот на земјотресот бил во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол.
Според Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија, магнитудата на потресот изнесувала 6,1 според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од околу 250 километри, додека Американскиот геолошки завод (USGS) објави магнитуда од 6,2 степени според Рихтер. Со идентична информација за јачината на земјотресот од 6,2 степени излезе и Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според италијанската национална новинска агенција – АНСА, земјотресот бил почувствуван низ цела Калабрија, како и во поширокото подрачје околу вулканот Везув и источно во регионот Базиликата.
Засега нема информации за предизвикани материјални штети или повредени лица.
