Тој се сомничи дека од 23 часот на 29 мај до 7 часот на 31 мај со употреба на сила држел негов 36-годишен познаник од Куманово во својот дом. Во тој период осомничениот повеќепати физички го нападнал оштетениот и го принудувал на сексуални дејствија, како и на употреба на дрога
Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава
Приведен е 35-годишен кумановец, осомничен дека на сила држел познаник во својот дом, кого го принудувал на сексуални дејствија и да користи дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 31 мај во 21:15 часот во Куманово, полициски служеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д. П. (35) од Куманово“,
се вели во полицискиот извештај.
Тој се сомничи дека од 23 часот на 29 мај до 7 часот на 31 мај со употреба на сила држел негов 36-годишен познаник од Куманово во својот дом.
„Во тој период осомничениот повеќепати физички го нападнал оштетениот и го принудувал орално да го задоволува, како и да користи дрога“,
додаваат од МВР.
При приведувањето, кај осомничениот се пронајдени и одземени марихуана, мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомение дека се поврзани со кривичното дело.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
