Шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање одобренија за патување во странство за деца, во наредниот период од понеделник до петок ќе работи од 8 до 18 часот, а услугата ќе биде овозможена и во сабота од 8 до 12 ч.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Одделението за управни работи – Скопје за издавање одобренија за патување во странство за деца, од понеделник до петок ќе работи од 8 до 18 часот, а услугата ќе биде достапна и во сабота од 8 до 12 часот.
Причината е зголемениот обем на барања за патувања кои се очекуваат во овој период.
„Министертвото за внатрешни работи ги известува граѓаните, особено родителите, дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот период, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање ‘Одобрение за патување во странство за малолетни лица’ (деца до 14 години), во наредниот период од понеделник до петок ќе работи од 08:00 до 18:00 часот, а услугата ќе биде овозможена и во сабота со работно време од 08:00 до 12:00 часот, со цел да одговориме на сите барања на граѓаните“,
соопшти МВР.
