Несреќата се случила меѓу патничко возило марка „мерцедес“ со кумановски регистарски таблички, управувано од 24-годишниот Ф. С. од Куманово, и електричен тротинет, управуван од 13-годишник од селото Черкези
Возачот на автомобилот е лишен од слобода и однесен во полициската станица во Куманово
Тринаесетгодишно момче синоќа загина во сообраќајна несреќа возејќи електричен тротинет на регионалниот пат Куманово – Скопје во близина на селото Черкези, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово.

Според полицијата, несреќата се случила меѓу патничко возило марка „мерцедес“ со кумановски регистарски таблички, управувано од 24-годишниот Ф. С. од Куманово, и електричен тротинет, управуван од 13-годишник од селото Черкези.
По несреќата 13-годишникот е пренесен во Општата болница во Куманово, каде од страна на лекар е констатирана смрт.
„Во 21:20 часот возачот на автомобилот е лишен од слобода и однесен во полициската станица во Куманово“,
се вели во полицискиот извештај за сообраќајката.
Увид на местото на сообраќајката извршиле кумановските полицајци, како и јавен обвинител.
