„Проблемот е двоен – прво, процедурите што бараат одредено време и не можеме да ги прескокнеме, бидејќи ЕК инсистира на целосна примена. А второ, за жал, како што веќе знаете, нашата инфраструктура, реално е застарена и треба обновување“, изјави министерот за заштита на граѓаните на Грција, Михалис Хрисохоидис
Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена – изјави министерот за заштита на граѓаните на Грција, Михалис Хрисохоидис, говорејќи за примената на системот за влез и за излез од земјите на Европската Унија (ЕЕС), за што рече дека добил поплаки од колегите од Северна Македонија и од Србија.

„Имам добиено поплаки од моите колеги од Северна Македонија и Србија. Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива. Жал ми е што сето ова во првата фаза предизвикува доцнење, кое не се должи на недостиг на персонал. Проблемот е двоен – прво, процедурите што бараат одредено време и не можеме да ги прескокнеме бидејќи ЕК инсистира на целосна примена, што значи дека секој државјанин од трета земја, како и полицаецот што го контролира, треба да потроши неколку секунди или минути. А второ, за жал, како што веќе знаете, нашата инфраструктура, реално е застарена и треба обновување“,
изјави министерот Хрисохоидис, додавајќи дека веќе се гради новиот граничен премини „Кипи“ кон Турција и дека новите инфраструктури ќе го олеснат проблемот.
Воведувањето на новиот систем за влез и за излез од земјите на Европската Унија создаде големи метежи на граничните премини бидејќи секое преминување на надворешните граници на Шенген-зоната се врши со електронска евиденција и биометриска проверка, со фотографирање и земање отпечатоци од прсти.
