За време на средбата со конгресменот, претставниците на ДУИ и на АА нагласиле дека секој напад на Охридскиот договор ризикува да стане геополитички инструмент што ја ослабува не само Северна Македонија, туку и на стабилноста на Западен Балкан
Значењето од зачувување на Охридскиот мировен договор, како и загриженоста од негово поткопување во државните институции била една од темите на разговор за време на вчерашната средба на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, потпретседателот на партијата Бујар Османи и Зијадин Села од Алијанса за Албанците со американскиот конгресмен Кит Селф – претседател на Поткомитетот за Европа во Конгресот на САД.

Соговорниците истакнале дека Охридскиот договор останува темел на мирот, соживотот и мултиетничката демократија во земјата, но и една од најзначајните стратешки инвестиции на САД во регионот.
„Охридскиот договор беше моделот што можеше да го дефинира ‘крајот на историјата’ за Западен Балкан – без територијални решенија за етничките разлики, туку интеграција, поделба на власта и децентрализација. Тој ги надмина претходните постконфликтни модели и стана референца за одржлива мултиетничка демократија. Единствениот актер заинтересиран за неуспехот на овој модел е Русија, бидејќи Охрид го отстрани просторот за дестабилизација и етничка фрагментација преку кој Москва традиционално проектира влијание во регионот“,
порачале тие за време на средбата со американскиот конгресмен, додавајќи дека секој напад на Охридскиот договор ризикува да стане геополитички инструмент за ослабување на стабилноста на Западен Балкан.
During our meeting with Congressman Keith Self, Chairman of the Europe Subcommittee in the U.S. Congress, we emphasized that the Ohrid Peace Agreement was the model that could have defined the “end of history” for the Western Balkans: no territorial solutions to ethnic… pic.twitter.com/zx3vwbJHL6
— Bujar Osmani (@Bujar_O) May 28, 2026
На средбата била нагласена потребата од заштита на демократските стандарди, почитување на Охридскиот договор и зачувување на мултиетничкиот карактер на државата, како предуслов за долгорочна стабилност и европска интеграција.
