Пожарот избувнал во куќа во сопственост на С. К. (45), во која живеела и нејзината мајка М. В. (85). Од повредите здобиени во пожарот, како што информираат од полицијата, осумдесет и петгодишната жена починала на местото на настанот
Осумдесет и петгодишна жена загина во пожар што ноќеска избувна во куќа во населбата Пинтија во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Случајот во полиција е пријавен утрово во 01:48 часот, по што на терен интервенираа пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита, кои го изгаснаа пожарот.
Според пријавата, пожарот избувнал во куќа во сопственост на С. К. (45), во која живеела и нејзината мајка М. В. (85).
„Од повредите здобиени во пожарот, осумдесет и петгодишната жена починала на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“,
се вели во полициското соопштение.
Пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Според полицијата, увид на местото на пожарот ќе биде извршен во текот на денот.
