Како што пишува „Гардијан“, во повеќе од 350 француски градови деновиве биле измерени највисоките температури за месец мај досега. Покрај Франција со невообичаено високи температури се соочуваат и Велика Британија и Шпанија, каде во делови од земјата во наредните денови се очекува живатата во термометрите да достигне и до 40 Целзиусови степени
Франуската влада денеска соопшти дека седум лица починале во инциденти поврзани со топлотниот бран, невообичаен за мај, што го зафати поголемиот дел од Западна Европа, вклучително и Франција, пренесе „Гардијан“, повикувајќи се на новинската агенција АФП.

Според извештајот на новинската агенција, пет од смртните случаи биле последица на давење во вода, но, како што изјавила портпаролката на владата, конкретните причини за смртта на лицата дополнително ќе бидат разјаснети од надлежните институции. Сепак, како што навела таа, од она што досега е познато тие се директно или индиректно поврзани со топлотниот бран.
„Она што можам да го кажам денес е дека има седум смртни случаи директно или индиректно поврзани со топлотниот бран“,
изјавила портпаролката на владата Мод Брежеон за телевизискиот радиодифузер ТФ 1 (TF 1).
Таа додала дека бројките и специфичните причини за смртта ќе треба да се разјаснат откако ќе заврши епизодата со високите температури, со која се соочуваат во моментов.
Како што пишува „Гардијан“, во повеќе од 350 француски градови деновиве биле измерени највисоките температури за мај досега. Покрај Франција, со невообичаено високи температури се соочуваат и Велика Британија и Шпанија, каде во делови од земјата во наредните денови се очекува живата во термометрите да достигне и до 40 Целзиусови степени.
Франција и Велика Британија бележат рекородно високи температури еден месец до астрономскиот почеток на летото.
Метеоролошката служба на Велика Британија соопшти дека е соборен рекордот на земјата за мај, со измерена температура на воздухот од 34,8 Целзиусови степени во лондонските градини „Кју“.
„Метео Франс“ доцна вчера соопшти дека нови месечни максимуми за мај се регистрирани на 352 метеоролошки станици, главно во Западна Франција, а највисоката температура на воздухот од 37,1 Целзиусови степени е регистрирана во близина на Осегор, во југозападниот департман Ланд.
„Ова е невиден настан со веројатност од еден према 1 000 шанси да се случи во ова време од годината, гледано врз основа на климатските показатели од 1979 до 2025 година и практично невозможно во прединдустриската ера“,
изјавил Кристоф Касу, климатски научник, за весникот „Ле Монд“.
Според метеоролозите, нови температурни максимуми се очекуваат во Франција, Шпанија и во Велика Британија, со температури што ќе ги надминат нормалните вредности за 12 или 13 Целзиусови степени, во периодот што „Метео Франс“ го опишува како „прерана, извонредна и долга“ епизода на високи температури.
