Инцидентот се случил во неделата околу 19:55 часот во скопски Центар, кога по претходна расправија околу сообраќајот, осомничените со „ауди“ удриле во мотоциклот на 20-годишниот доставувач Ф. М. од Скопје, а потоа и физички го нападнале
Четворица државјани на Турција на возраст од 21 до 24 години се приведени откако физички нападнале доставувач во Скопје, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил во неделата околу 19:55 часот во скопски Центар, кога по претходна расправија околу сообраќајот, осомничените со „ауди“ удриле во мотоциклот на 20-годишниот доставувач Ф. М. од Скопје, а потоа и физички го нападнале.
„По преземени оперативни мерки, полициски службеници од СВР Скопје на 25 мај во 01:30 часот ги привеле О. А. (21), А. Ф. Е. (21), Т. А. Б. (22) и А. И. О. (24), сите државјани на Турција“,
додаваат од МВР.
Против четворицата е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка им е изречен притвор.
