Пахор нагласи дека го одложил состанокот откако бил информиран за најновата епидемиолошка состојба во земјите членки на процесот за Западен Балкан
Претседателот Стево Пендаровски нема да патува за Словенија, каде што требаше да учествува на јубилејниот 10 самит од процесот за Западен Балкан „Брдо-Бриони“.
Словенечкиот претседател Борут Пахор им испртаил писмо на своите колеги од регионот во кое ги информирал дека, со оглед на ситуацијата со ковид-19, моментно нема услови за одржување на настанот, коју беше закажан за понеделник, 29 јуни, во Брдо кај Крањ.
Причина за одложувањето е ситуацијата со коронавирусот во земјите од регионот, чии лидери требаше да учествуваат на настанот. Пахор нагласува дека го одложил состанокот откако бил информиран за најновата епидемиолошка состојба во земјите членки на процесот „Брдо-Бриони“.
На состанокот требаше да присуствуваат претседателите на земјите членки на иницијативата, вклучително со Северна Македонија. Од кабинетот на Пендаровски потврдија дека претседателот го откажал патувањето по известувањето од Пахор дека средбата се одложува.
Словенечкиот претседател ги известил претседателите на другите држави од процесот дека мора да ја одложи закажаната средба, бидејќи како домаќин, и покрај многу планирани мерки, не може да обезбеди услови во кои нема да постои ризик од пренесување на инфекцијата.
Учеството на состанокот го потврдиле сите претседатели на државите членки на процесот за Западен Балкан „ Брдо-Бриони“, кој наскоро одбележува десетгодишнина од воспоставувањето.
Пахор се надева дека подобрувањето на епидемиолошката состојба ќе овозможи состанокот да се одржи што е можно поскоро.