Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре повторно се очекува изолирана појава на нестабилност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме
По вчерашниот пролетен дожд, синоптичарите за денеска прогнозираат променливо облачно време со сончеви периоди. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), услови за слаб дожд ќе има во крајните западни и источни делови од државата. Во поголемиот дел од територијата на земјава ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец кој на моменти ќе достигне брзина од 50 километри на час.

Утринската температра ќе се движи во интервал од три до 13 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 15 до 26 степени.
Во Скопје, според прогнозата, денеска се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 24 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре повторно се очекува изолирана појава на нестабилност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, наместа и над 20 литри на метар квадратен, грмежи и засилен ветер со брзина од над 60 километри на час.
