Гаши ѝ посака на Црна Гора успешно завршување на процесот за полноправно членство во Европска Унија и посочи дека македонскиот евроинтеграциски пат е попречен од билатералниот спор со Бугарија. Цамај, пак, истакна дека Црна Гора е посветена на целта до 2028 година да стане полноправна членка на Европската Унија. Тој посочи дека досега се затворени 14 преговарачки поглавја, додека 19 сѐ уште се отворени и додаде дека очекуваат поддршка од сите земји членки на ЕУ
Традиционалното пријателство и долгогодишната конструктивна соработка меѓу двете земји се потврдени на денешната средба меѓу собранискиот спикер Африм Гаши и потпретседателот на Собранието на Црна Гора, Никола Цамај, информираат од собраниската прес-служба.

Гаши ѝ посака на Црна Гора успешно завршување на процесот за полноправно членство во Европска Унија и посочи дека македонскиот евроинтеграциски пат е попречен од билатералниот спор со Бугарија.
Според него, државата продолжува интензивно да работи на реформите, а искуството на Црна Гора во евроинтегративниот процес го оцени како значајно за земјава.
Цамај, пак, истакна дека Црна Гора е посветена на целта до 2028 година да стане полноправна членка на Европската Унија. Тој посочи дека досега се затворени 14 преговарачки поглавја, додека 19 сѐ уште се отворени и додаде дека очекуваат поддршка од сите земји членки на ЕУ.
На средбата е нагласено и значењето на парламентарната соработка, при што двајцата соговорници се согласиле дека групите за соработка меѓу двата парламента треба дополнително да ја интензивираат комуникацијата и размената на искуства.
Средба со Цамај оствари и потпретседателот на Собранието Јован Митрески, на која е потврдена добрата и пријателска соработка меѓу двете земји.

Митрески ја истакна важноста на улогата на опозицијата во демократското општество и посочи дека сите политички чинители треба заеднички да работат во интерес на граѓаните и развојот на државата.
Соговорниците разговараа и за измените на Изборниот законик, правичната застапеност на жените и мажите во парламентот, како и за евроинтегративниот процес на државата.
Во разговорите е отворено и прашањето за односите со Бугарија, при што е оценето дека долгото чекање за членство во Европската Унија придонесува за зголемување на евроскептицизмот и одливот на млади и квалификувани кадри од државата.
Митрески упати честитки за напредокот на Црна Гора на патот кон Европската Унија и побарал поддршка за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.
