Како што објавија украинските служби за цивилна заштита, ноќеска руските сили извршиле нови напади врз Украина, а цел бил пристанишниот град Одеса. Според првичните извештаи и во овој напад има жртви
Бројот на загинати во последниот бран руски напади, еден од најжестоките од почетокот на војната, врз украинската престолнина Киев се искачи на повеќе од 20 лица, соопштија утрово украинските служби за цивилна заштита.

Во кусо соопштение на службите објавено на Фејсбук утрово, се наведува дека смртоносниот биланс при нападот на областа Дарницки во Киев изнесува најмалку 24 загинати лица, меѓу кои има и три деца.
Според украинските медиуми, спасувачките екипи и понатаму трагаат по 17 исчезнати лица под урнатините на уништена станбена зграда, додека десетици повредени се наоѓаат на лекување.
Во нападите врз Киев, како што наведуваат службите за спасување, повредени се 47 лица, меѓу кои и две деца, а спасени се вкупно 30 луѓе од областите што се нашле на удар на руските дронови и проектили.
„Спасувачите продолжуваат со деноноќната потрага по луѓе во уништената заграда во населбата Дарницки“,
објавија украинските власти на социјалните мрежи.
Русија ноќта во средата кон четврток изврши еден од најмасовните и најдолгите напади врз Украина од почетокот на војната во февруари 2020 година, користејќи повеќе од 800 дронови.
Според објавите во медиумите, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи петок, 15 мај, за ден на национална жалост во спомен на жртвите од големиот руски напад врз главниот град.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави изјави дека во нападот биле употребени 1 567 беспилотни летала и 56 ракети од различни видови.
Како што објавија украинските служби за цивилна заштита, ноќеска руските сили извршиле нови напади врз Украина, а цел бил пристанишниот град Одеса. Според првичните извештаи и во овој напад има жртви.
„Четири куќи и една зграда се оштетени во станбениот сектор – дел од куќите се уништени, има скршени прозорци и оштетени структури, а оштетени се и три автомобили. Две лица се повредени. Критичната инфраструктура исто така беше на удар – имаше пожари кои спасувачите брзо ги елиминираа. Спасувачите на СНС, локалната противпожарна екипа и припадници на Здружението на доброволни пожарникари на Украина беа вклучени во отстранувањето на последиците“,
се наведува во објавата на социјалните мрежи.
