Според премиерот, зголемувањето на цените не може да биде никако врзано со платежната картичка зашто со неа се зголемува куповната моќ на граѓаните, а со тоа и домашната потрошувачка.
Премиерот Оливер Спасовски денеска соопшти дека веќе им дал налог на инспекциски служби да проверат дали, каде и зошто има поскапувања на домашните производи по воведувањето на платежните картички.
Според Спасовски, зголемувањето на цените не може да биде никако врзано со платежната картичка зашто со неа се зголемува куповната моќ на граѓаните, а со тоа и домашната потрошувачка.
„Има некакви реакции од граѓаните. Веќе им дадов налог на инспекциските служби да се провери и во малопродажбата и во производството, да видиме за што станува збор – дали за поскапување на репроматеријали врз основа на кои се зголемува и цената на овие производи или за нешто сосема друго. Ќе видиме што ќе кажат инспекциските органи за оваа појава која не е масовна, но ја има во некои продавници“,
рече Спасовски, нагласувајќи дека сега не е момент да се прави профит.
