Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, кој наместа ќе дува со брзина над 60 километри на час
Денеска во земјава се очекува променливо време, претпладне облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 километри на час.

Утринската температура ќе се движи во интервал од седум до 13 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 18 до 28 степени.
Во Скопје, според синоптичарите се очекува слично време, променливо облачно со сончеви периоди и ветер од западен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 28 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, кој наместа ќе дува со брзина над 60 километри на час. В среда ќе биде релативно стабилно, а в четврток повторно се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и в петок, а пообилни се очекува да бидат в сабота.
